Skip to main content

Ни 41 поен на Лејкерс не беа доволни за Лејкерси

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс претрпе пораз од Феникс, иако Лука Дончиќ реализираше 41 поен, кои се покажаа недоволни за победа. Јунак на дуелот беше Ројс О’Нил, кој постигна тројка на 0,9 секунди пред крајот на дуелот.

Феникс до важната победа стигна, иако во текот на дуелот имаше и двоцифрена предност. Клуч за победата беше извонредниот шут за три поени 22 реализирани тројки од 50 обиди (44 отсто).

Во редовите на „езерџиите“ Дончиќ покрај 41 поен, имаше по 8 скокови и асистенции, а Леброн Џејмс постигна кош за нерешено 110:110 на 22,7 секунди до крајот.

Резултати на ноќешните дуели во НБА лигата: Индијана – Шарлот 109:133, Филаделфија – Мајами 124:117, Атланта – Вашингтон 126:96, Бруклин – Сан Антонио 110:126, Орландо-Хјустон 108:113, Чикаго – Портланд 112:121, Далас – Сакраменто 121:130, Феникс – ЛА Лејкерс 113.110, Јута – Њу Орлеанс 118:129 и ЛА Клиперс – Минесота 88:94.

Поврзани вести