Skip to main content

МЗТ Скопје на доминантен начин го освои трофејот во македонскиот кошаркарски куп

Фото: КФСМ

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш покажаа дека немаат конкурент во македонската кошарка. Тие вечерва во финалето на купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово го совладаа истоимениот домашен тим со 96:70.

Аеродромци ја освоија својата 14-та куп-титула и четврта по ред, додека Куманово остана без трофеј и по своето второ финале. 

Најдобар играч на натпреварот беше Меквин Смит со 23 поени. Воедно тој го доби признанието МВП.

Во победничкиот тим се истакнаа и Гил со 17 поени,  Магдевски постигна 12, Танасковиќ имаше двоен број на поени и скокови – по десет.

Луковиќ заврши со 13 поени (и седум скока). Ист број на реализации за МКК Куманово дојдоа од Ѓуроски кој имаше и четири скока, додека Митевски додаде 13.поени (три скока и две асистенции).

Тимот на Куманово беше немоќен да направи нешто повеќе, а очигледен беше заморот кај играчите од двете напорни средби во четвртфиналето со Пелистер и во полуфиналето со ТФТ.

Финалето се одигра пред околу 3.500 илјади гледачи кои направија извонредна атмосфера.

Куманово се покажа како одличен организатор на купот. 

Поврзани вести