Skip to main content

МЗТ Скопје гази во втората АБА лига

 Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром триумфираа синоќа на домашен терен над Јахорина Пале со 96-77 во рамки на четвртото коло во регионалната АБА 2 лига.

Македонскиот шампион сосема заслужено дојде до третата победа во АБА 2 лигата, контролирајќи го резултатот во текот на целиот натпревар во салата „Јане Сандански“.

Илајџа Мекејден со 28 и Чарлс Гил со 19 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, кој со вечерашниот триумф се искачи на второто место на табелата со седум босови, колку што имаат и лидерот Широки Брег и третопласираниот Хелиос Домжале.

Во следното петто коло, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе му гостуваат на Златибор, на 1 декември

Поврзани вести