
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го добија првиот натпревар од полуфиналето од плеј офот против Пелистер со 80:75 (28:18; 11:17; 18:20; 23:20). Победата значи и водство од 1-0 во добиени натпревари во серијата до две победи.
Првакот одлично ја одигра првата четвртина и стигна до водство од 28:18, а во вториот период битолчани одиграа квалитетно во одбраната и примија само 11 поени, па така на полувреме беше 39:35. Во вториот дел Пелистер во два наврати имаше водство од седум разлика, но по 30.минути игра беше 57:55. Во последниот период домашниот тим го контролираше резултатот и дојде до првата победа.
Во редовите на МЗТ Скопје А. Пет играчи беа двоцифрени, а Андреј Маслинко најпрецизен со 15 поени и 5 скокови (4 офанзивни), додека најефикасен беше Кевин Дејвис од Пелистер со 23 поени.
Следниот натпревар ќе се игра во деновите од викендот, а домаќин е екипата на Пелистер.

Македонски




