
Голема е веројатноста дека Македонија ќе го добие вториот репрезентативец по Перо Антиќ кој ќе заигра во НБА лигата откако пред „портите“ на најсилното кошаркарско првенство се појави Ти-Џеј Шортс.
Натурализираниот македонски бек одигра четири неверојатни сезони во Еворпа каде се проби од ФИБА Еврокупот преку ФИБА Лигата на Шампионтие и Еврокупот до Евролигата каде со настапите за Париз претендираше за МВП признанието и за регуларниот дел од сезоната, но во неговите раце заврши само тоа за плеј-инот.
Шортс дефинитивно заминува од Париз, клубот со најмалиот буџет во Евролигата, а и покрај тоа што беше мета и на најголемите европски гиганти како Панатинаикос и Фенербахче неговата следна дестинација ќе биде Мемфис каде одново ќе има шанса да соработува со финскиот стратег Туомас Исало.