Skip to main content

Легендата на КК Партизан тргна против НБА во Европа

Еден од најуспешните тренери во европската кошарка и актуелен тренер на српски Партизан, Жељко Обрадовиќ, го коментираше проектот НБА Европа и го изрази своето мислење за тоа како Евролигата треба да реагира на ситуацијата, во контекст иднината на играта на Стариот континент.

-Верувам дека имаме одлично натпреварување. Сигурен сум дека сите ќе работат за да го направат уште подобро. Навивачите се многу важни. Евролигата е натпреварување кое секој во светот го препознава“, рече српскиот стручњак за време на дискусијата во Абу Даби, каде што во петок започнува „фајналфорот“ на Евролигата.

Според него, проблемот е НБА (Национална кошаркарска асоцијација на САД и Канада), која е многу заинтересирана да дојде во Европа.

-Од некоја причина, тие сакаат да бидат тука. Слушнавме многу гласини. Не знам што е вистина, а што не. Мора да се заштитиме. Секој мора да разбере дека тука во Европа имаме најдобра кошарка. Ајде да работиме на овој начин, сите заедно, додаде Обрадовиќ, цитиран од специјализираното издание еурохупс.нет.

Претседателот на Евролигата, Дејан Бодирога, се согласи со Жељко Обрадовиќ.

-Силни сме. Имаме најстраствени навивачи. Имаме најнеизвесни натпревари. Имаме навистина богата традиција. Мислам дека треба да го зачуваме тоа. Можеби она што треба да го промениме е нашата способност да го обликуваме овој уникатен производ заедно со светот, изјави Бодирога.

Поврзани вести