Skip to main content

Јокиќ надмаши рекорд на славниот Карим Абдул-Џабар

 Кошаркарите на Денвер го совладаа во НБА лигата Орландо со 126-115, предводени од Србинот Никола Јокиќ, кој реализираше трипл-дабл со 23 поени, 13 асистенции и 11 скокови.

Јокиќ изби на чело на вечната листа според асистенции во НБА меѓу центрите, надминувајќи го легендарниот Карим Абдул-Џабар.

Српскиот кошаркар има 5.667 асистенции, надминувајќи го вкупниот број на асистенции во кариерата Абдул-Џабар за седум асистенции.

Најдобар стрелец на Денвер во синоќешната победа беше Џамал Мареј со 32 поени, додека Камерон Џонсон додаде 19 поени и 11 скокови