Skip to main content

Joкиќ испадна од плејофот

Екипата на Оклахома Сити синоќа на домашен терен го победи Денвер нагетс  со 125:93 во седмиот натпревар од второто коло од плејофот во НБА лигата.

Најефикасен на теренот беше кошаркарот на домашниот тим Шаи Гилгеус-Александер, кој постигна 35 поени. Центарот на Нагетс Никола Јокиќ постигна 20 поени.

Оклахома ја доби серијата со 4;3 и се пласираше во полуфиналето на плејофот, каде ќе се соочи со Минесота тимбервулвс.

Во другото полуфинале ќе се соочат Њујорк никс и Индијана пејсерс.

Со елиминацијата на Денвер, за прв пат во историјата на НБА, во последните седум години ќе има седум различни шампиони.

Од 2019 година, победници се Торонто, Лос Анџелес лејкерс, Милвоки, Голден Стејт, Денвер и Бостон.

Минесота, Оклахома и Индијана никогаш не го освоиле шампионатот во НБА лигата, а Никс последен пат победиле во 1973 година. 

Поврзани вести