Skip to main content

Денвер губи и со Јокиќ во тимот

– Оклахома Сити го победи Денвер сити со 121:111 ноќеска на гостински терен во натпревар од НБА-лигата. Плејмејкерот на Тандер, Шеј Гилџус-Александар, беше најдобар на теренот со дабл-дабл од 34 поени и 13 асистенции. 

Оклахома Сити ја забележа својата 39. победа, има 11 порази и е лидер на табелата во Западната конференција. 

Денвер со 33 победи и 17 порази е на третото место.

Резултати на другите натпревари од најсилната кошаркарска лига на светот играни ноќта недела кон понеделник:

Детроит – Бруклин 130:77
Мајами – Чикаго 134:91
Торонто – Јута 107:100
Вашингтон – Сакраменто 116:112
Њујорк – ЛА Лејкерс 112:100
Феникс – ЛА Клиперс 93:117
Портланд – Кливленд 111:130
Сан Антомио – Орландо 112:103. 

Поврзани вести