Skip to main content

Влаховиќ си заминува од Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ ќе го напушти тимот во летниот преоден рок, тврди новинарот Николо Шира.

Според Шира, 25-годишниот Србин не е вклучен во плановите на управата за следната сезона. Неговиот договор завршува во летото 2026 година.

Сезонава Влаховиќ одигра 40 натпревари, постигна 15 голови и 5 асистенции. Трансфермаркт ја проценува вредноста на напаѓачот на 45 милиони евра.Влаховиќ пред да дојде во Јувентус настапуваше за Фиорентина и за Партизан.

Од 2020 година тој е член на српската репрезентација за која има постигнато 14 гола

Поврзани вести