Skip to main content

Влаховиќ дава голови, Јувентус уште се мисли дали ќе го задржи

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, зборуваше за Душан Влаховиќ, кој беше стрелец на вториот гол во победата над Парма синоќа со 2:0 во натпреварот од првото коло од италијанското фудбалско првенство.

– Беше многу тешко, не беше лесно да се најде слободен простор. Како што реков на полувремето, мораше да бидеме трпеливи. Знаев дека голот сигурно ќе дојде порано или подоцна. Сите замени функционираа добро, не беше лесно со оглед на тоа што сè уште не сме во најдобра форма. Ги заслуживме овие три бода. Влаховиќ? Тој е фокусиран, тој е играч на Јувентус и го прави она што мора да го направи. Да видиме што ќе се случи во преостанатата недела, изјави Тудор за тамошните медиуми.

Веќе подолго време се шпекулира дека Јувентус ќе го продаде Душан Влаховиќ во тековниот преоден рок.

Во 2. коло, Јувентус ќе игра на гости против Џенова, а Парма ќе биде домаќин на Аталант

Поврзани вести