Skip to main content

Вистинскиот Ронало: Анчелоти е одличен тренер

– Поранешниот бразилски фудбалер Роналдо искажа пофални зборови за Карло Анчелоти кој неодамна беше поставен за нов селектор на „Кариоките“.

– Одличен потег, тој е неверојатен стручњак. Репрезентацијата има многу проблеми, но сега имаме одличен селектор. Бразил долго време го нема освоено Светското првенство. Не е лесно да се направи ова бидејќи не играме најдобро во моментов. Анчелоти е одличен тренер и можеби ќе поправи сè, изјави Роналдо за „Фудбал Италија“.

Назначувањето на Анчелоти беше објавено на 12 мај.

Италијанскиот тренер ќе ја подготвува репрезентацијата на Бразил за Светското првенство во 2026 година. Тој ќе ја предводи репрезентацијата на јунските натпревари од Мундијалските квалификации против Еквадор (6 јуни) и Парагвај (11 јуни)

Поврзани вести