Skip to main content
Лига на нации

Вечерва супер дуел, Шпанија-Франција

 Селекторот на шпанската фудбалската репрезентација Луис де ла Фуенте пред полуфиналето на Лигата на нации против Франција истакна дека неговите избраници му придаваат големо значење на овој турнир.

– Лигата на нации вклучува тројца претходни победници на турнирот, тројца претходни светски шампиони и актуелниот европски првак. Затоа, се разбира, Лигата на нации не може да се нарече секундарен турнир, и ние му придаваме големо значење. Отсекогаш сум велел дека овој турнир е потежок од групната фаза на Европското првенство. Репрезентацијата на Шпанија сака да влезе во историјата со тоа што ќе стане првата репрезентација која два пати ја освоила Лигата на нации, изјави Де Ла Фуенте за сајтот на УЕФА.

Поврзани вести