
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим го сподели своето мислење за можното заминување на играчот од средниот ред Бруно Фернандеш во Реал Мадрид.
-Бруно во Реал Мадрид? Ова нема да се случи. Тој нема да оди никаде. Еден ден повторно ќе ја освоиме Премиер лигата. Затоа сакаме најдобрите играчи да продолжат со нас. Тој нема да си замине, веќе му кажав, го цитира Аморим новинарот Фабрицио Романо.
Оваа сезона 30-годишниот Португалец одигра 44 натпревари, постигна 16 гола и 16 асистенции.
Неодамна шпанските медиуми објави информација дека Бруно Фернандеш ќе дојде во Реал како замена за Лука Модриќ кој е на залезот на својата кариера.