Skip to main content

Вечер спремете пиво и грицки, играат Реал и Сити

 Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се пошегува дека се чувствува уморен по играњето против Манчестер сити под водство на Пеп Гвардиола.

Шпанскиот тим го очекува реваншот од плејофот од Лигата на шампионите со актуелниот англиски шампион.

-Многу сум уморен да играм против Гвардиола. Сè уште мислам дека тој е фантастичен тренер и мило ми е што често се гледаме. Всушност, и двајцата разбираме дека играта не е меѓу нас, туку помеѓу Манчестер и Реал Мадрид, изјави Анчелоти за „Eurosport“.

Реал Мадрид ќе го пречека Манчестер сити вечер од 21 часот. На првиот меч Реал победи со 3:2.

Поврзани вести