Skip to main content

Вардар се врати на првото место

 Екипата на Вардар се врати на првото место на табелата по денешниот триумф во 13. коло против Тиквеш со 3:1. „Црвено-црните“ поведоа со голот првенец за Ворен Чимбембе во 19. минута, а во финишот на првиот дел (45. минута) гостите од Кавадарци изедначија од пенал стрелец беше Иван Ивановски. Победникот беше решен во завршницата на натпреварот. По неколку нереализирани шанси Едиз Спахиу ја затресе мрежата на гостите во 81. минута, а конечните 3:1 ги постави Мато во 85. минута со својот 12. ти гол во сезонава.

На вториот натпревар одигран денеска во Битола Пелистер со 1:0 славеше над Брера и со тоа ја прекина серијата на девет натпревари без победа. Стрелец на голот беше Вилдан Керим во 23.минута.

Поврзани вести