
Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги повика англиските родители да ги остават своите деца да останат будни за да го гледаат осминафиналниот натпревар на Светското фудбалско првенство против Мексико .
Осминафиналниот натпревар на Англија против Мексико ќе се игра во Мексико Сити в недела во 1 часот по полноќ по британско време, односно 2 часот по полноќ по средноевропско време.
Како што објави денеска Би-Би-Си, родителите се во дилема дали да им дозволат на своите деца да го гледаат натпреварот, бидејќи летните распусти сè уште не започнале.
Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција која е неговата порака до родителите, Тухел рече:
„Напишете изговор за училиште и оставете ги да гледаат. Секогаш ќе има училиште, но Светското првенство се игра на секои четири години. Нека гледаат. Имаме голем натпревар за четири дена, потребна ни е поддршката од сите, особено од децата“, порача Тухел.
Англија се пласираше во осминафиналето на мундијалскиот турнир откако во средата со пресврт го совлада ДР Конго со 2-1, со два гола на Хари Кејн во завршните 15 минути од натпреварот

Македонски


