Skip to main content

Тренерот на Ливерпул: Секому може да му се случи да промаши пенал

Facebook / Arne Slot
Facebook / Arne Slot

Фудабалерите на Ливерпул останаа со „празни раце“ и без трофеј откако дуелот од Комјунити Шилд го загубија на пенали од Кристал Палас. По 2:2 во регуларниот дел, играчите на Ливерпул не реализираа три пенали.

Прво промаши Мохамед Салах, а потоа голманот на Кристал Палас Дин Хендерсон ги одбрани ударите на Алексис Мек Алистер и Харви Елиот. 

Немам забелешки за играчите. Можам да ги пофалам за залагањето и вложениот труд на теренот, но мораме уште да поработиме. Секому може да му се случи да промаши пенал. Имаме и неколку нови играчи, кои покажаа квалитет и дека ќе бидат одлични засилувања. Сезоната е пред нас ќе имаме многу предизвици. Честитки за Палас, заслужено го освоија првиот сезонски трофеј, изјави по дуелот менаџерот на Ливерпул Арне Слот. 

Ливерпул на отворањето на сезоната во Премиер лигата в петок на домашен терен игра против Бормут.   

Поврзани вести