
Репрезентативецот од средниот ред на Гана, Томас Парти, ќе мора да го пропушти натпреварот од првото коло од Групата Л на Светското првенство против Панама во Торонто в среда, откако му беше одбиена визата за влез во Канада.
Можеме да потврдиме дека играчот Томас Парти нема да може да патува од кампот на репрезентацијата во Бостон, до Канада за натпреварот против Панама, откако канадските власти одбија да му издадат виза. ФИФА не се меша во имиграциските процеси на земјите домаќини, вклучително и издавањето визи“, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Парти се соочува со обвинение за силување во Велика Британија, кое датира од времето кога настапуваше за Арсенал.
Гана ќе ги одигра преостанатите два натпревари од групната фаза во САД против Англија и Хрватска.

Македонски



