Skip to main content

Тежи 1,8 милијарди долари: Кој е Сергеј Ломакин газдата на Пафос

Црвена звезда синоќа загуби против Пафос од Кипар во квалификациите од Лигата на шампионите. Клубот Пафос постои само од 2014 година, кога АЕП Пафос и АЕК Куклија се споија. Доаѓањето на рускиот капитал во 2017 годин на чело со Сергеј Ломакин  целосно ги промени амбициите на клубот.

Резултатите од инвестицијата пристигнаа – Пафос го освои Купот на Кипар во 2024 година, а потоа и првата шампионска титула во сезоната 2024/25. Сега ќе се борат против Црвена Звезда за историско место во Лигата на шампионите. 

Ломакин го изгради своето богатство развивајќи синџири супермаркети во Русија, Белорусија, Казахстан, Узбекистан, Латвија, Грузија, Киргистан, Монголија и Ерменија, со годишни приходи од 3,8 милијарди долари.

Покрај Пафос, тој е финансиски вклучен и во Рига (Латвија) и Родина (Москва), а сега сака да ја додаде и Лозница на листата на клубови.Ломакин е татко на пет деца и живее во Пафос. Пред српскиот, тој поседуваше и кипарски пасош, но му е конфискуван на крајот на 2024 година. Според Форбс тежи 1,8 милиони долари.

Поврзани вести