
Централниот дефанзивец Џејмс Тарковски, потпиша двегодишно продолжување на договорот со Евертон и ќе остане во клубот до јуни 2028 година, објави денеска премиерлигашот од Ливерпул.
Триесетидвегдишниот Тарковски му се приклучи на Евертон во 2022 година од Барнли и оттогаш одигра 128 натпревари во сите натпреварувања.
„Супер среќен сум што продолжувам да играм за Евертон. Беа луди изминатите неколку години, со подеми и падови. Поминавме низ многу и се надевам дека ќе има уште позитивни емоции“, изјави Тарковски за официјалната веб-страницата на клубот.
Евертон е на осмото место на табелата во Премиер лигата со 11 бодови по седум натпревари.