Skip to main content

Спектакл во осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони

Ждрепката за осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 се одржа во Нион, Швајцарија, напладне. Осумте победници од плејофот во нокаут фазата им се придружија на осумте најдобри клубови од лигашкиот дел од натпреварувањето, дефинирајќи го патот до големото финале во Будимпешта.

Парови од осминафиналето:

Манчестер Сити – Реал Мадрид
Бодо/Глимт – Спортинг
ПСЖ – Челзи
Њукасл – Барселона
Ливерпул – Галатасарај
Тотенхем – Атлетико Мадрид
Аталанта – Баерн
Баерн – Арсенал

Точниот распоред на натпреварите од осминафиналето ќе биде објавен вечерва. Распоредот за четвртфиналето ќе биде објавен на 19 март, по осминафиналето, а датумите на полуфиналето ќе бидат објавени на 16 април, откако ќе бидат познати сите полуфиналисти.

Според правилата на УЕФА, натпреварите обично се играат во вторник и среда, а финалето е резервирано за сабота. Секој клуб во нокаут фазата игра еден натпревар во вторник и еден во среда. УЕФА може да направи исклучоци од распоредот, на пример ако два клуба од ист град учествуваат во европски натпреварувања, така што нивните домашни натпревари не се играат во исти или последователни денови.

Првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 10 и 11 март, а реваншите на 17 и 18 март. Четвртфиналните натпревари се закажани за 7 и 8 април и 14 и 15 април. Полуфиналињата ќе се играат на 28 и 29 април и 5 и 6 мај. Големото финале ќе се одржи на 30 мај во Будимпешта.

Главната промена од претходните сезони е што денес се одредува целата структура на натпреварувањето до финалето. Нема да има дополнителни ждрепки за четвртфиналето и полуфиналето. Постапката е дизајнирана така што осумте носители, кои претходно се поделени во парови според нивниот ранг (прв и втор, трет и четврт итн.), се поставени на спротивните страни од ждрепката, а потоа им се доделуваат противници од групата без носител.

Исто така, од осминафиналето повеќе нема никакви ограничувања, па клубовите од истата земја можат да се сретнат, како и оние кои веќе играле меѓусебно во лигашката фаза. Номинален домаќин на финалето ќе биде победникот од полуфиналето на едната страна од ждрепката, што исто така ќе се одреди со денешната ждрепка.

Поврзани вести