Skip to main content

СП 2026 распоред: Во кои градови и на кои стадиони ќе се играат натпреварите

Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечер (21 часот) ќе почне Светското првенство во фудбал 2026 година. За прв пат во историјата на турнирот, натпреварите ќе се одржат во три земји: САД, Канада и Мексико. Мундијалот ќе се игра во 16 градови (11 во САД, три во Мексико и два во Канада).

Градови домаќини на Светското првенство во фудбал 2026:

САД: Њујорк, Далас, Лос Анџелес, Атланта, Сан Франциско, Сиетл, Филаделфија, Хјустон, Мајами, Бостон, Канзас Сити.

Мексико: Мексико Сити, Монтереј, Гвадалахара.

Канада: Торонто, Ванкувер.

Стадиони за Светското првенство во фудбал 2026:

„МетЛајф“ (Њујорк, САД)
„АТ&Т“ (Далас, САД)
„СофЈ“ (Лос Анџелес, САД)
„Мерцедес-Бенц“ (Атланта, САД)
„Левис“ (Сан Франциско, САД)
„Лумен Филд“ (Сиетл, САД)
„Линколн Фајненшл Филд“ (Филаделфија, САД)
„НРГ“ (Хјустон, САД)
„Хард Рок“ (Мајами, САД)
„Џилет“ (Бостон, САД)
„Ароухед“ (Канзас Сити, САД)

„Ацтека“ (Мексико Сити, САД) Мексико)
„ББА“ (Монтереј, Мексико)
„Акрон“ (Гвадалахара, Мексико)

„БМО Филд“ (Торонто, Канада)
„БЦ Плејс“ (Ванкувер, Канада).

Поврзани вести