Skip to main content

Сметката на ФК Вардар одблокирана, меѓу најголемите побарувања имаше Дарко Панчев

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар конечно може нормално да функционира. Новото раководство кое го презема клубот пред почетокот на тековната сезона успеа да ги исплати долговите наталожени изминатата деценија.

– Извршниот директор на АД ФК Вардар, Миленко Неделковски, ја известува јавноста дека комплетно се исплатени долговите кон:
Дарко Панчев – 4.134.855.00 денари
Владица Брдароски – 8.759.744.00 денари
Бендџамин Демир – 6.100.000.00 денари
Михајло Костиќ – 8.834.415.00 денари
Александар Игески – 935.353.00 денари
Фитнес Инфинити – 2.014.562.00 денари
ЕАМ ДОО Штип – 263.006.00 денари.

Исто така се информира јавноста дека сметката на АД ФК Вардар од 9 април 2025 година е одблокирана, со што клубот после цели осум години повторно функционира по сите законски норми и прописи, стои во информацијата на веб-страницата на „црвено-црните

Поврзани вести