
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ја образложи одлуката напаѓачот Мохамед Салах да не игра на гостински терен против Вест Хем во 13. коло од англиската Премиер лига (2:0).
– Секој пат кога ги изоставувам Вирц, Исак, Екитике или Салах, предизвикува внимание. Тоа е разбирливо бидејќи сите тие се извонредни играчи. Мо имаше неверојатна кариера во овој клуб и ќе има многу светла иднина тука бидејќи посебен играч. Четири натпревари за 10 дена се многу, па мора да донесувате одлуки за одредена почетна постава и се обидувате да ја изберете најдобрата формација за секој конкретен натпревар. Со оглед на системот на Вест Хем, со бек кој постојано игра високо и крилен напаѓач кој постојано оди навнатре, мислев дека таа опција ќе му помогне на тимот. Салах беше неверојатно важен за овој клуб и ќе остане таков и во иднина, изјави Слот за „ESPN“.
Во сезоната 2025/26, 33-годишниот Египќанец Салах постигна пет гола и имаше три асистенции во 18 натпревари во сите натпреварувања

Македонски






