Skip to main content

Силекс лидер во првата македонска лига

 Победи за домашните екипи на саботни натпревара од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Силекс го победи Работнички со 3:1 во Кратово и го продолжи максималниот ефект.

АП Брера успеа да стигне до првата победа оваа сезона, откако во Струмица го совлада Шкупи со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Кире Стојанов во 85. минута од мечот.

Вчера Вардар ја победи Македонија ЃП со 1:0, додека Шкендија беше поуспешна од Башкими со 2:1.

Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите:
Струга ТЛ – Тиквеш (15:30 часот) и
Пелистер – Арсими (19 часот).

На табелата води Силекс со 15 бода, пред Вардар со 13, Струга ТЛ собра 12, Шкендија 10..

Поврзани вести