
Една од ѕвездите на Барселона Роберт Левандовски најверојатно дека поради повреда ќе го пропушти почетокот на сезоната. Повредата е на бутниот мускул.
Од клубот немаат точен датум кога ќе се врати Левандовски на тренинзи, а не е прецизирано ни колку ќе трае рехабилитацијата. Потвредено е дека нема да биде во конкуренција за пријателскиот натпревар со Комо.
Барселона во првото коло од новата сезона во Ла Лига гостува на 16.август кај Мајорка.