Skip to main content
Париз слави

ПСЖ е нов шампион на Европа, со „петарда“ дојде до драгоцениот трофеј

Екипата на ПСЖ го совлада Интер со 5:0 во финалето на Лигата на шампионите со што дојде до својот прв трофеј во најпрестижното фудбалско клупсо натпреварување во Европа.

Парижаните беа за неколку класи подобар противник и сосема заслужено дојдода до триумф. Од самиот почеток целосно ги контролираа случувањата на теренот и во маир на искусен боксер, убиствено ја казнуваа секоја грешка или невнимателност на играчите на Интер.

Отпорто на Интер беше скршен уште во 20 минута, кога ПСЖ веќе поведе со 2:0, со головите на Ашраф Хакими и Десир Дое, кој беше асистент при првиот гол.

Во второто полувреме на теенот владеше речиси идентична слика на целосна немоќ на фудбаерите на Интер, додека играчите на ПСЖ практин си поигруваа со нив. Таквиот развој на случувањата донесе уште три голови за ПСЖ, коишт можеа да бидат и повеќе.

Во 63 минута, Дое го постигна својот втор гол на натпреварот, 10 минути подоцна Квича Кварцкелија зголеми на 4:0, додека конечниот резултат го постави Мајулу Сени на четири минути пред крајот.

Со ово триумф, ПСЖ стана втората француска екипа којашто ја освоила Лигата на шампионите, по Олимпик Марсеј во 1993 година.

Поврзани вести