Skip to main content

Покетино: Јас сум селектор, не сум домар

 САД го победија Уругвај со 5-1 во пријателски натпревар одигран во Тампа, а американскиот селектор, и покрај убедливата победа, беше нервозен на прес-конференцијата.

Дел од неговиот гнев беше насочен кон новинарите по натпреварот, револтиран од прашањето на новинарот за отсуството на поискусните играчи.

„Кои се стандардните играчи? Можеби треба да ја прекинеме прес-конференцијата и јас да одам во соблекувалната, да се вратам и повторно да ја започнам прес-конференцијата. Изгледа како да загубивме со 5-1. Јас сум селектор на САД, а не хигиеничар. Кажете ми за кој стандарден играч зборуваме, бидејќи не разбирам што значи стандарден играч?. Не знам дали играчите ја слушаат прес-конференцијата, но играч кој не е „стандарден“ и играл добро би се чувствувал разочаран од ова прашање“, изјави Покетино.

Американскиот селектор не застана тука.

„Да бидам искрен, уморен сум и можеби не разбирам англиски, но сум многу разочаран од првите две прашања. Не знам што очекувате да кажам?, праша Покетино.