Skip to main content

По подолго време Партизан ќе има репрезентативец на Македонија

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во Партизан. 23-годишниот дефанзивец го напушти рускиот Акрон Тољати и се пресели во клубот од Хумска.

Димоски во Белград доаѓа на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп. Сите детали се договорени, останува само потпишување на договорот и негово промовирање.

Новиот играч на Партизан се етаблираше како македонски репрезентативец под водство на Благоја Милевски, а во Акрон замина во јули 2023 година. Тоа беше негова прва странска станица во кариерата.

Димоски својата сениорска кариера ја започна во Вардар со кој беше шампион на Македонија, а настапуваше и за струмичка Брера.

За репрезентацијата одигра 18 натпревари