
Се одиграа денеска пет натпревари од 21 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во кои доминираа воглавно домашните екипи, а немаше победник само на еден меч.
Мируваа мрежите на дуелот меѓу Гостивар и Работнички (0:0), а Шкендија со голот на Алхасан во 35 минута славеше против Тиквеш (1:0). Тетовските „црвено-црни“ од 84 минута поради вториот жолт картон на Нухија останаа без еден играч на теренот, но успеаја да ја задржат минималната предност до крајот на натпреварот.
Шкупи со 3:1 го надигра Пелистер, по првото полувреме клубот од Чаир водеше со погодокот на Ибиши (44`). Истиот фудбалер се погрижи за зголемување на водството во 69 минута, а за 3:0 се погрижи Ајетовиќ (74`). Почесниот погодок за битолскиот тим го реализираше Ивановски од пенал (90+4`).
Силекс со 3:1 го совлада актуелниот шампион Струга, три голови беа постигнати во текот на првото полувреме. За позитива од 2:0 на екипата од Кратово стрелаа Хрвановиќ во 10 и Оусман во 22 минута, а Илиевски намали во 35 минута. Конечниот епилог за потврда на победата на Силекс го постави Алиќ на стартот од вториот дел (49`).
Воска Спорт со 3:1 триумфираше против Брера Струмица, после првото полувреме водеше домаќинот со голот на Виноградац во петтата минута. Воска го зголеми водството во 54 минута со голот на Осеи, а во 67 минута стрелаше Адеми за 3:0. Единствениот гол за Брера го постигна Ндзенгуе во 85 минута од средбата.
На табелатаводи Шкендија со 46 бодови, пред Силекс и Работнички кои имаат по 41, следува Гостивар кој има 40. Струга моментно има 32, Шкупи 31, Пелистер има 23, Брера Струмица 20, Воска Спорт 18, Вардар 17, а Тиквеш и Беса 1976 со по 15 бодови.