Skip to main content

Омерагиќ: УЕФА ни даде список со луѓе со име и презиме и клубови со сомнителни натпревари

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во интервју за МТВ рече дека добиле допис од одделот за интегритет на УЕФА, во кој се посочени одредени личности, со име и презиме, за кои што постои сомнение дека „имаат преземено дејствија кои се сомнителни“.

Во соработка со УЕФА тоа ќе го спроведеме до крај. Доколку тие се чувствуваат загрозено поради тоа и мислам дека со напади и разни инсинуации врз нас ќе не предомислат на тој пат, тогаш нивното размислување е тотално погрешно. Натпревари, клубови и имиња. Кога ќе дојде време, ќе ги објавиме – рече тој.

Омерагиќ откри дека се работи за сезоната 2023/24 и претходно, а натпреварите се од домашното првенство и од Купот на Македонија.

Поврзани вести