
Репрезентацијата на Велс е последната пречка за македонските репрезентативци во квалификациската група за Светското првенство. Во Кардиф улогата на фаворит ја имаат репрезентативците на Велс.
– Секогаш е голема предност кога се игра на домашен терен, така е во секој спорт. Ми се допаѓа што овој натпревар има резултатска тежина, тоа е ново искуство за мене, бидејќи кога играв последните три или четири дуели, немавме за што да се бориме, па затоа ова ми претставува позитивно чувство. Свесни сме дека мора да победиме, но мора да бидеме трпеливи. Македонија игра со длабока одбрана, не инсистира на посед, но многу добро ги изведува своите контранапади. Мора да бидеме внимателни, изјави селекторот на Велс Крег Белами на прес конференцијата.
Првиот дуел на овие две селекции одигран во Скопје заврши без победник 1:1, а двата гола беа постигнати во судиското продолжение од вториот дел. Почетокот на натпреварот што се игра на Кардиф Стадион е во 20:45 часот

Македонски








