
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд стана нов рекордер во Лигата на шампиони, постигнувајќи 50 голови на само 49 натпревари.
Халанд го постигна својот 50 гол во европското елитно клупско натпреварување во дресот на Манчестер Сити во победата синоќа на домашен терен од 2-0 над Наполи.
Рекордот претходно го држеше Холанѓанецот Руд ван Нистелрој, кој дојде до бројката од 50 голови на 62 натпревари.
Трет на листата е Аргентинецот Лионел Меси, на кого му беа потребни 66 настапи за да стигне до 50 голови.
Дваесетипетгодишниот Халанд досега во својата кариера во Лигата на шампиони постигна 27 голови во дресот на Манчестер Сити, 15 за Борусија Дортмунд и осум за РБ Салцбург. Повеќето од нив ги постигна со левата нога, 34 голови, 11 со десната и пет со глава.
Со 50 голови, Норвежанецот е на деветтото место на листата стрелци во Лигата на шампионите.
На врвот е Кристијано Роналдо (140 голови), пред Меси (129) и Роберт Левандовски