Skip to main content

Нагелсман: Не заслуживме пораз од Франција

Фото: Freepik

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, ги искажа своите впечатоци по денешниот пораз од Франција во натпреварот за третото место во Лигата на нации.

Натпреварот заврши со резултат 2:0 во корист на францускиот тим. Килијан Мбапе и Михаел Олисех постигнаа по еден гол.

– Со оглед на нашите шанси и начинот на кој игравме, не заслуживме да бидеме поразени. Но за жал, таков е фудбалот, головите се дел од играта. Во првото полувреме повторно ја видовме нашата игра, но кога ќе создадете четири или пет одлични шанси, мора да поведеме. Во второто полувреме беше нешто како харакири. Потоа, сепак, од време на време имаше контранапади, изјави Нагелсман за сајтот на Германскиот фудбалски сојуз.

Селекторот верува дека натпреварот бил добар не во однос на резултатот, туку во однос на играта на германскиот тим.

Во финалето вечер (21 часот) ќе се соочат селекциите на Шпанија и на Португалија.