Skip to main content

На Рашворд не му се останува во Англија

Маркус Рашфорд нема намера да остане во Англија, објави денеска „Атлетик“, наведувајќи дека 27-годишниот напаѓач, кој е во сопственост на Манчестер Јунајтед, сака трансфер во странство доколку го напушти „Олд Трафорд“ ова лето.

Јунајтед сака да го продаде Рашфорд, а поранешниот англиски репрезентативец би прифатил да игра во друг клуб и на позајмица една сезона. Целта на Рашфорд е да ја продолжи кариерата во тим кој се бори за освојување трофеи, а медиумите неодамна шпекулираа дека за него е заинтересирана Барселона.

Рашфорд дебитираше за првиот тим на Јунајтед во 2015 година под водство на менаџерот Луис ван Гал. Минатата пролет, Рашфорд играше како позајмен играч во Астон Вила, но клубот од Бирмингем не ја активираше откупната клаузула

Поврзани вести