
Веќе ми недостасува дресот на Аргентина“, порача денеска Лионел Меси, откако прославениот аргентински капитен го одигра последниот натпревар за својата земја.
„Вчера беше мојот последен натпревар и веќе ми недостасува носењето на сино-белиот дрес. Знам дека ја носам вистинската одлука. Беше неверојатно патување, полно со радост, но и малку тажно, но знам дека секој чекор што го направив вредеше“, истакна Меси во објава на социјалната мрежа Инстаграм.
Триесетидеветгодишниот Меси го одигра својот 208. и воедно последен настап во аргентинскиот дрес го имаше ноќта меѓу вторникот и среда, во пријателски натпревар против репрезентацијата на Бенин, одигран во Буенос Аирес.

Македонски


