
Новодојдениот играч на Манчестер сити, Џанлуиџи Донарума, ги сподели своите емоции откако се приклучи на англискиот клуб од ПСЖ.
„Граѓаните“ денес го објавија трансферот на 26-годишниот италијански голман. Тој потпиша договор за пет сезони, до 2030 година.
– Потпишувањето за Манчестер сити е посебен момент за мене, момент на кој сум горд. Се приклучувам на тим кој има талент од светска класа, а го води еден од најголемите тренери во историјата на фудбалот, Пеп Гвардиола. Ова е клуб за кој секој фудбалер во светот би сакал да игра. Многу години го почитувам Манчестер сити, па затоа е голема чест и привилегија за мене да играм за овој клуб. Едвај чекам да ги запознам моите нови соиграчи, персоналот и навивачите. Играњето на стадионот „Етихад“ ќе биде посебно за мене. Се радувам на она што следи и можам да ветам дека ќе направам сè што можам за да му помогнам на клубот да постигне уште поголем успех, изјави Донарума за клупскиот сајт на Манчестер сити.
Донарума бранеше за ПСЖ од 2021 година. Одигра 161 натпревар, прими 156 гола и 56 пати не прими гол.
Како дел од Парижаните, голманот стана четирикратен шампион на Франција, двапати го освои Купот на Франција и трипати Суперкупот. Минатата сезона, тимот ја освои Лигата на шампионите