Skip to main content

Mурињо: Секој натпревар се игра да се победи

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, се осврна на победата со 1:0 над Депортиво во пријателски натпревар.

– Беше сериозен тест против тим кој се врати во Ла Лига. Тие дадоа сè од себе и нè натераа да играме сериозно. Беше тежок натпревар. Морав да правам замени, не сакам да им давам премногу време за игра на истите играчи. Секој натпревар се игра да се победи, но важно е и да се даде време за игра на многу фудбалери. 
Ќе имаме многу вакви тешки натпревари во лигата, на гостински терен, каде што не можете да сте сигурни до крајот на натпреварот кога резултатот е 1:0. Има многу позитивни работи, тимот расте. Одиме чекор по чекор, изјави Мурињо за „ESPN“.

Поврзани вести