Skip to main content

Moжеби Македонија ќе му помогне: Гатузо најави дека ќе се исели од Италија ако не се пласираат на СП

За прв пат во историјата, Италија пропушти две Светски првенства по ред, а лесно може да се случи да не го видиме Азуре следната година на Светското првенство, кое се одржува во САД, Канада и Мексико.

Очајно ги отворија квалификациите и се доведоа во исклучително неповолна позиција, меѓутоа, откако Џенаро Гатузо дојде на клупата на репрезентацијата, работите се променија.

Во овој квалификациски циклус, тие забележаа два триумфа и со тоа ги зачуваа шансите за освојување на првата позиција во групата и директен пласман на Светското првенство.

Ако сакаат да избегнат одење во непријатен плејоф, ќе мора убедливо да ја победат првопласираната Норвешка, која го доби првиот натпревар против Азуре со резултат од 3:0.

Селекторот Гатузо е убеден дека неговата репрезентација ќе ја постигне крајната цел.

„Ако Италија не се квалификува за Светското првенство во 2026 година, ќе се иселам од земјата. Веќе живеам доста далеку, но ќе одам уште подалеку“, рече Гатузо.

Moжеби Македонија ќе му помогне во тоа бидејќи Италија е еден од можните противници ако завршиме трети во групата а играме во плејофот преку Лигата на нации

Поврзани вести