Skip to main content

Меси е преморен, ќе пропушти неколку мечеви за Интер Мајами

 Репрезентативците на Аргентина, Лионел Меси и Родриго де Пол, ќе земат пауза пред да се вратат во Интер Мајами по учеството на Светското првенство во 2026 година, објави „ESPN“.

Триесет и деветгодишниот Меси ги започна сите осум натпревари на Аргентина на Светското првенство. додека 32-годишниот Де Пол играше на седум натпревари.

Меѓународната федерација на професионални фудбалски здруженија (FIFPRO) претходно побара период на одмор од 21 ден на крајот од секоја сезона од медицински причини.

Не е јасно дали двајцата играчи ќе бидат недостапни во текот на сите 21 ден. Меси и Де Пол ги координираат своите одмори со Интер Мајами, но извори потврдија дека двајцата дефинитивно ќе ги пропуштат натпреварите од регуларната сезона на МЛС против Чикаго на 23 јули и Монтреал на 26 јули.

Мајами веќе го известил МЛС дека Меси и Де Пол нема да можат да играат на натпреварот на ѕвездите на МЛС на 29 јули, бидејќи тој паѓа во период од 21 ден

Поврзани вести