Skip to main content

Mбапе признава дека премалку игра во одбрана

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе призна дека треба да ја подобри својата дефанзивна и пресинг игра.

Претходно, француските медиуми објавија информација дека репрезентативниот соиграчот на Мбапе, Усман Дембеле, го замолил да работи повеќе во одбраната на Светското првенство во 2026 година.

-Морам да се подобрам во одбраната. Тоа е важно за тимот и морам да го направам тоа. Ќе започнам на ова Светско првенство затоа што сакаме да го освоиме, изјави Мбапе во интервју за „Ле Паризиен“.

Француската репрезентација ќе игра во Група И на Светското првенство во 2026 година. Триколорите во групната фаза ќе се соочат со Сенегал, Ирак и Норвешка.

Поврзани вести