
На покана на министерката за одбрана на француските вооружени сили Катерине Ваутрин, денеска присуствувам на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“ во Париз.
Во пресрет на следните чекори за модернизација на опремата на македонската Армија, овој саем претставува одлична можност за запознавање со најновите техничко-технолошки достигнувања во областа на одбраната, презентирани од повеќе од 400 компании и производители на воена опрема.
Присуството на вакви настани е од особено значење за следење на современите трендови во одбранбената индустрија, размена на искуства со партнери и сојузници и согледување на новите можности за понатамошно јакнење и унапредување на одбранбените капацитети.

Македонски



