
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година и на втората контролна средба против соодветната селекција на Косово одигра без победник, со идентичен резултат 0:0.
Двете репрезентации одигра доста борбен натпревар, со многу трчање и тактичко надмудрување. Одбраните на двете селекции беа на едно високо ниво.
Пред три дена, двете селекции одигра контролен натпревар во Приштина, кој заврши нерешено 0:0.
Во почетокот на септември официјално почнува квалификацискиот циклус за пласман на ЕП. Нашата селекција во првото коло на гости ќе игра против Полска.