Skip to main content

Ливерпул ќе го продава Салах

 Иднината на Мохамед Салах во Ливерпул е неизвесна. Фудбалерот во моментов е на АФКОН со репрезентацијата на Египет, но пред заминувањето имаше несогласување со менаџерот Арне Слот. Пред да замине на АФКОН, Салах се извинил на соиграчите.

Од таа причина спортскиот директор на клубот Марк Хјуз деновиве треба да има состанок со агентот на египетскиот репрезентативец.

Според англиските медиуми, Салах не се согласува да биде резерва и тоа дава до знаење дека можно е негово заминување од Ливерпул уште во текот на јануари односно по враќањето од Африканскиот куп на нации.

Поврзани вести