
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќешното гостување кај Овиедо.
Реал победи со 3:0 со двата гола на Килијан Мбапе и еден на Винисиус Жуниор.
– Во првото полувреме имавме одличен ритам со топката, доминиравме, иако беше тешко бидејќи Овиедо цврсто се бранеше. Знаевме дека мора да продолжиме во ист дух. Во второто полувреме малку забавивме, ни беше тешко да го одржиме ритамот, но благодарение на одбраната, ја освојувавме топката, брзо тргнавме во напад, а двата гола ни донесоа мир. Задоволен сум што беше многу комплетен натпревар. Винисиус влезе како резерва, стана одлучувачки фактор и среќен сум за него. Ни требаат сите – и оние што го започнуваат натпреварот и оние што доаѓаат од клупата. Ќе има многу натпревари пред сите. Важно е секој да се чувствува важен и подготвен да го започне натпреварот, да дојде од клупата или да игра во следниот. Имаме повеќе од дваесет играчи во тимот и сакаме да го извлечеме најдоброто од секого, изјави Алонсо за „Марка“.
Реал Мадрид има максимални шест бода по две кола. Мадридскиот тим ќе игра против Мајорка во следниот натпревар на 30 август. Овиедо има два пораза, а во третото коло ќе се соочи со Реал Сосиедад исто така на 30 август.