
Финалистите во фудбалскиот Куп на Македонија ќе бидат познати денеска по одигрување на реванш натпреварите на двете полуфинални пресметки.
Фудбалерите на тетовска Шкендија со гол предност му гостуваат на второлигашот Шкендија Арачиново, откако на првиот натпревар со пресврт триумфираа со 3-2.
Вториот второлигаш кој се пласираше во полуфиналето, Охрид, му гостува на Силекс во Кратово, откако првиот натпревар заврши нерешено 1-1.
Двата натпревари ќе стартуваат во 16 часот.
Финалето на Купот ќе се игра на 20 мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонски




