
На „Градскиот стадион“ вечерва ќе бидат присутни 250 навивачи на Јагелонија.
Амбасадата на Полска во Македонија испрати препораки до навивачите да внимаваат, да се движат заедно низ градот и да не се двојат, затоа што можни се напади од „други навивачки групи“.
Навивачите на Јагелонија се поврзани со фудбалскиот хулиганизам во Полска, деструктивно и незаконско однесување, како што се немири и вандализам, кои често се случуваат во врска со натпреварите и можат да вклучуваат конфликти меѓу организирани групи навивачи познати како „фирми“.

Најголемиот инцидент се случи на 28.08.2025 во Албанија кога играа ФК Динамо Сити и Јагелонија и дојде до тепачка поради непочитување статуата на Скендербег.

Македонски







