![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/manseter-siti-real.jpg)
Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола е задоволен од играта на неговиот тим и покрај поразот од Реал Мадрид (2:3) синоќа во првиот натпревар од плејоф рундата во Лигата на шампионите.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/siti-real.jpg)
– Резултатот е таков што е. Постигнавме многу, но прашање е како да се пријде на крајот со сето она што го постигнавме. Откако отидовме напред, тоа се случи многу пати: Спортинг, Брентфорд, Манчестер Јунајтед… Ги пропуштивме нашите шанси на многу натпревари. Ова не се случува прв пат, а на ова ниво се е многу комплицирано. Од сите натпревари што ги одигравме против Реал, ова беше најдобриот. Ова го очекував од играта и затоа велам дека не можам да му се лутам на мојот тим. Знаеме со какво ниво на тим се натпреваруваме. Тешко е да се прифати дека дозволивме резултатот што го имавме да го испуштиме. Но, ќе се обидеме во реваншот, изјави Гвардиола на прес-конференцијата по натпрварот.
Реваншот ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид на 19 февруари.
Победникот од овој двомеч ќе се сретне или со Атлетико или со Баер Леверкузен во осминафиналето.