Skip to main content

Kaко Вардар беше поразен во Скопје

Фудбалерите на македонскиот првак претрпеа пораз од летонскиот шампион Рига со 2:3 во првиот дуел од второто квалификациско коло од Конференциската лига одигран во Скопје. „Црвено-црните“ на тој начин со негатива ќе патуваат на реванш дуелот.

Натпреварот почна добро за Вардар бидејќи во 28.минута дојде до водство од 1:0 со голот на Диего Кастенада. Но, предноста траеше само седум минути бидејќи Рига преку Орландо Гало изедначи на 1:1. Гостите во 39.минута имаа предност од 2:1, а стрелец на голот беше Иаго Сигуеира.

Вардар успеа да изедначи во 66.минута со голот на Герсон Родригес, а голот за победа за екипата на Рига го постигна Иаго Сигуеира во 81.минута што беше негов втор гол на натпреварот.

Реванш натпреварот се игра на 28.јули (вторник) во Рига

Поврзани вести